Вкусови кои инспирираат

Дозволете им на сетилата да уживаат во магичен амбиент и внимателно подготвени специјалитети, со прекрасен поглед кон падините на Плачковица.

Нашата Визија

Приказна напишана од природата и традицијата

Од панорамскиот поглед што го одзема здивот до внимателно одбраните локални состојки, секој детал во Бел Камен е осмислен за ваше уживање. Тука, времето застанува за да можете да се препуштите на мирот и спокојот што го нуди планината, придружени со чаша квалитетно вино и врвни специјалитети

Организирани настани

Вашите најважни моменти заслужуваат совршена организација и амбиент кој се памети. Нашиот ресторан располага со простран капацитет прилагодлив за секаков тип на свечености – од интимни семејни веселби како крштевки и родендени, до елегантни свадби и професионални корпоративни настани и тим билдинг средби. Со големо внимание пристапуваме кон креирање на целосно прилагодено мени според вашите желби, подготвено од врвни мајстори во кујната. Нашиот искусен тим е тука да се погрижи за беспрекорна услуга и комплетна организација, овозможувајќи ви максимално да уживате во денот додека ние се грижиме за секој детал.

Write a review