Хотел Бел Камен

Бел Камен е трет по големина врв на планината Плачковица и се наога на надморска висина од 1707м.
На падините под овој врв на растојание од 45 000 м2, обиколен со богата густа букова и борова шума се простира и хотелскиот комплекс БЕЛ КАМЕН на надморска висина од 1450м.
Комплексот Бел Камен е идеален за вистински одмор и рекреација во секој период од годината, бидејки се наога во предел кој изобилува со природни убавини како што се високите карпи, флората и фауната кои можат да се сретнат само во оваа околина.
Плачковица е средно висока планина во источниот дел на Република Македонија.
Највисока точка е врвот Лисец со височина 1 754 м. Планината се издига помеѓу град Радовиш и Струмичко-Радовишката котлина на југ и Кочанска Котлина на север, во правец северозапад-југоисток.

За Нас
За Нас

Геолошкиот состав го чинат гранити (на исток), кристалести шкрилци, гнајсеви и тесен појас на мермери на запад.Релјефот е интересен, претставен со флувијални зарамнини (површи) во повисоките делови и страмни планински страни од раседен карактер.
Планината е расчленета со повеќе длабоки речни долини.
Инаку реките кои се побројни и побогати со вода на северната страна, имаат длабоки долини и голем надолжен пад. Така на Зрновска Река има повеќе брзаци, водопади и џиновски лонци.
На планината Плачковица се наоѓаат и три прекрасни кањони: Камник, Козјак и Зрновка во кои се наоѓаат прекрасни природни убавини како реки, водопади, преслапи, високи карпи...
За многумина кањонот Камник со својата убавина претставува Колорадо во мало. До сите кањони е обезбедена потребна инфраструктура за непречено движење (маркации, билборди, патокази, сајли, ферети и место за одмор).

Од многуте убавини кои ги нуди планината Плачковица се и пештерите кои ги има повеќе, од кои пет се испитани и достапни за посетители. Најголема од нив е Големата пештера, со испитана должина од 600 метри. Таа претставува вистински бисер со своите пештерски украси и предизвик за спелеолозите.
Пештерите: Ќуп, Ајдучка, Туртел и Понор се помали, но богати со пештерски украси и се лесно достапни за посетителите и до нив водат маркирани патеки. Климата на подрачјето од Плачковица е умерено-континентална, со одредено влијание на средоземна клима од јужен правец. Средногодишните температури се околу 10-12 степени Целзиусови.

До хотелот се стига по целосно асфалтиран пат, достапен за сите видови моторни возила.

За Нас